9 ФИНАНСИИ

Модул: ФИНАНСИИ (FINANCES)

Познавањето на системот на финансиско известување како и подготвувањето на финансиските извештаи е еден од предусловите за правилна и квалитетна финансиска анализа.

Главна цел на финансиската анализа е компаративното мерење на ризикот и приносот, потребно за донесување деловни одлуки за инвестирање или кредитирање.

Финансиското известување се заснова на податоци кои се генерираат од сметководствените и економските настани.  Затоа е потребно познавање на сметководствените принципи. 

Но финансиските извештаи иако даваат објаснување за минатото истовремено претставуваат реална основа за проектирање на идните заработувачки и парични текови. 

Пречката за остварување на главната цел на читање на финансиските извештаи е што во најголем број на случаи анализата почнува и завршува со презентирање на одредени податоци од финансиските извештаи, без при тоа да се навлезе "зад бројките" или подалеку од нив.

Токму затоа овој модул нуди решение за надминување на ваквите проблеми. Освен тоа тој нуди одговори на прашањата:

Како да го финансирате вашиот бизнис? Што треба да знаете за даноците и финансиите од правен аспект?

Повеќе детали можете да дознаете во нашата ПРЕТПРИЕМНИЧКА АКАДЕМИЈА:

ОБУКИ: