CEFood Конгрес - Нови Сад, 22 - 26.05,2012

 

Со големо задоволство сакаме да Ве информираме дека Република Македонија, односно Консалтинг и Тренинг Центар КЛУЧ е избран за ОРГАНИЗАТОР НА СЛЕДНИОТ CEFood конгрес, кој ќе се одржи во месец мај, 2014 година, во Охрид.

Свеченото доделување на организацијата на овој најзначаен Европски настан од областа на храната се случи на 26-ти мај 2012 година, на последниот ден на  CEFood Конгресот што се одржа во Нови Сад од 22-ри до 26-ти мај. На оваа церемонија, Српскиот Амбасадор во EFFoST, Проф. д-р Виктор Недовиќ, му го додели CEFood ѕвоното на Македонскиот Амбасадор во Европската Федерација за храна, наука и технологија, Проф. д-р Владимир Какуринов.

Централно Европскиот Конгрес за храна (CEFood) се одржува под покровителство на Европската Федерација за храна, наука и технологија (EFFoST).