Преведувачка дејност

EUROVOC Thesaurus

Канцеларијата за официјални публикации (Office for Official Publications of the European Communities),  во март, 2009 година, на Проф. д-р Владимир Какуринов му додели лиценца за превод и објавување на македонската верзија наEurovoc Thesaurus (Edition 4.3) на веб страната на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, http://www.key.com.mk.

EUROVOC е повеќе јазичен речник кој ги покрива сите полиња на работа на Европската унија. Овој речник е алатка за индексирање на документи во системот за документација на европските институции и нивните корисници. Засега овој речник е преведен на 22 официјални јазици, а во моментов се преведува и на македонски јазик, при што името на јазикот и официјално е МАКЕДОНСКИ.

Корисници на овој речник се: Европскиот парламент,  Канцеларијата за официјални публикации на ЕК, националните и регионалните парламенти во Европа и европските организации.  Овој речник е, исто така,  официјален за сите владини и невладини институции во Република Македонија, при официјална комуникација со Европската унија.


ПРЕВОД НА EHEDG ПРИРАЧНИЦИ

Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ е институција со ексклузивна лиценца за превод на прирачниците кои ги издава European Hygienic Engineering and Design Group (EHEDG). Станува збор за 38 прирачници од различни индустриски гранки, кои досега се преведени само на 5 јазици (германски, англиски, француски, италијански и шпански). Преведените прирачници ќе бидат објавени на официјалната веб страна на EHEDG (webshop). Оваа веб страна постојано се архивира со нови преводи на документи, на различни јазици.