Организирање на настани

Конференцијата за Квалитет и безбедност на храна и Хигиенско инженерство и дизајн 2013 - Maкедонија

Ни претставува особена чест да Ве поканиме на Конференцијата за Квалитет и безбедност на храна и Хигиенско инженерство и дизајн 2013 - Maкедонија, која ќе се одржи од 19 до 20  септември 2013 година, во Скопје, Република Македонија (web: http://www.jhed.mk/categories/view/436).

На Конференцијата ќе присуствувуваат повеќе од 200 луѓе од целиот свет, како претставници на следниве групи на учесници:

A. Сопственици, Извршни Директори, Менаџери за продажба, Технички Менаџери на компании што се занимаваат со производство на храна и компании што произведуваат опрема и средства за чистење и санитација за прехранбената индустрија и тоа претежно од земјите на Југоисточна Европа, но и од Европската унија, Азија, Африка и Северна и Јужна Америка.

Б. Претставници на Стопански Комори, Градоначалници и претставници на Локална самоуправа (општини) од Југоисточна Европа (Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Романија, Унгарија итн). 

В. Владини институции поврзани со храната (Агенции за безбедност на храната, Директорати, Инспекторати, Министерства: за Економија, Земјоделство, Здравство).

Г. Академски и истражувачки организации

Д. Здруженија на примарни производители на храна и на преработувачи.

Ѓ. Меѓународни Асоцијации: European Hygienic Engineering and Design Group, Global Harmonization Initiative итн.

Преглед на Конференцијата

Конференцијата содржи 4 компоненти:

1. Презентација на научни и стручни трудови

33 трудови од следниве области:

1. Квалитет и безбедност на храна

2. Хигиенско инженерство и дизајн и

3. Производство и преработка на храна

Сите детали за темите од наведените области се наведени на: http://www.jhed.mk/categories/view/408. Сите прифатени трудови ќе бидат објавени во меѓународниот Journal of Hygienic Engineering and Design (www.jhed.mk).

2. Пленарни сесии (посебни) од областа храна, специјално наменети за: Стопанските Комори, Општините, Агенциите за Инвестиции и Агенциите за безбедност на храната, како е една  сесија наменета за Global Harmonization Initiative.

3. Брокерски настан (Tête-à-Tête состаноци со претходно договорени соговорници и теми) помеѓу сите присутни групи на учесници (од А до Ѓ). Потенцијалните учесници на Брокерскиот настан треба најпрво да контакираат со организаторот на: contact@key.com.mk.

4. Презентации на изложувачите (во кои ќе ги презентираат своите компании и/или организации, производи, услуги итн). Условите што треба да ги исполнат потенцијалните изложувачи се прикажани на: http://www.jhed.mk/categories/view/439.

Организациски аспекти и дополнителни информации:

Котизација за Конференцијата

1. Висината на котизацијата за Конференцијата варира зависно од типот на учесник или:

 

Пред 1 Aвгуст, 2013 година

После 1 Aвгуст, 2013 година

За  два дена присуство:

€ 200

€ 250

EHEDG/GHI членови:

€ 150

€ 200

За еден ден присуство*:

€ 100

€ 150

JHED Автори**:

€   50

€   80

(повеќе на: http://www.jhed.mk/categories/view/438).

Котизацијата на Конференција го покрива следново:

1. Материјали од Конференцијата

2. Пристап до сесиите на Конференцијата и Изложбената зона

3. Ручеци и кафе паузи

4. Tуристичка тура низ Скопје - на 19 септември од 17.00 до 19.00 часот.

Хотелски трошоци

Сместувањето на учесниците на Конференцијата е во хотел со 4 ѕвездички, по цени специјално прилагодени за Конференцијата или:

Луксузни соби

1. Еднокреветна соба - 49 eвра (со вклучен појадок)

2. Двокреветна соба - 35 eвра (по лице) - со вклучен појадок

Стандардни соби

1. Еднокреветна соба - 40 eвра (со вклучен појадок)  

2. Двокреветна соба - 30 eвра (по лице) - со вклучен појадок

За да можете да ги резервирате собите по претходно наведените цени, Ве молиме КОНТАКТИРАЈТЕ САМО со организаторот, Консалтинг и Тренинг Центар КЛУЧ, на следниов e-mail: contact@key.com.mk.

Гала вечера

Гала вечерата ќе биде организирана на 19 септември, со почеток во 20.00 часот. Таа ќе се одржи во винарскиот подрум на винаријата Сковин. Трошокот за Гала вечерата е дополнителен (не е вклучен во котизацијата) и изнесува 50 eвра.

Ако сте заинтересирани да учествувате на Конференцијата, ве молиме контактирајте со организаторот на: contact@key.com.mk.

Оваа Конференција не само што ќе Ви понуди единствена можност да го споделите своето знаење со меѓународни експерти од областа на храната, туку истовремено ќе претставува платформа за Ваше вмрежување. Токму затоа, искористите го овој настан на најдобар можен начин и збогатете го својот круг на пријатели, колеги и бизнис партнери од другите земји. Ова е извонредна шанса да ги претставите своите знаења, производи и услуги на сите значајни луѓе во прехранбената индустрија.

Оваа Конференција Ви нуди два високо информативни дена. Особено задоволство ни претставува што на едно место ќе се соединат најзначајните луѓе од прехранбената индустрија од светот и македонската научна и бизнис заедница, каде што ќе можат да се споделуваат знаења и искуства за сите аспекти на  производството на храна.

Ве очекуваме на Конференцијата!

 
Проф. д-р Владимир Какуринов                                              e-mail: vladimir.kakurinov@key.com.mk

Претседавач на Конференцијата                                              Тел: ++389 70 688 652