EHEDG Светски конгрес за хигиенско инженерство и дизајн Шпанија - 07-08.11.2012

EHEDG Светски конгрес за хигиенско инженерство и дизајн 2012, Шпанија - 07-08.11.2012

Повеќе од 250 посетители, експерти од областа на квалитетна и безбедна храна, инженери, дизајнери, менаџери и високи претставници од индустриите поврзани со храна, како и претставници од академијата, беа собрани по повод Светскиот EHEDG конгрес за хигиенско инженерство и дизајн, кој се одржа во Валенсија, Шпанија, на 7 и 8 ноември, 2012 година.

За време на 25 презентации, одржани од страна на врвни домашни и меѓународни експерти,  присутните имаа можност да слушнат нешто повеќе за хигиенското инженерство и дизајн, проблематика која што станува се позначајна за безбедно производство на храна. Беа опфатени бројни теми вклучувајќи ја и улогата и напорите на EHEDG за поставување на принципте и најновите достигнувања во хигиенскиот дизајн на опремата и фабриките, соодветното користење на градежни материјали, употребата на напредни технологии, EHEDG тест методи, сертификација, како и нови трендови во чистењето и дезинфекцијата. Делегатите од повеќе од 20 земји во светот, ги претставуваа не само производителите на опрема и производни капацитети, но исто така и производителите на храна, фармацевтска и козметичка индустрија,  како и консултанти, истражувачки центри и иниверзитети.

Настанот беше одлично организиран од страна на институтот Аinia centro tecnológico, кој ја води EHEDG регионалната секција во Шпанија, и се водечки иновативен и технолошки центар со сопствени лаборатории и пилот фабрики. Институтот , исто така, врши тестирање и сертификација во нивните простории, во согласност со EHEDG тест методите. Конгресот беше истовремено и настан со кој се прослави и одбележа 25 годишнината од постоењето и работата на овој институт.   

Компаниите-спонзори имаа одлична можност да ги претстават своите производи во просторот пред конгресната сала. Програмата беше збогатена со изложување на специфични постер-презентации, Б2Б средби, меѓу-експертски средби и многу други можности за размена на искуства.

Следната можност за присуство на ваков вид настан од високо ниво  ќе биде EHEDG Светскиот конгрес за хигиенско инженерство и дизајн, во Парма, Италија, закажан за 23 и 24 октомври, 2014 година.