Меморандум за соработка

Меморандум за соработка

Меморандум за соработка помеѓу Мрежата за рурален развој на Република Македонија и Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ беше потпишан на 11 декември, 2012 година.

Со овој меморандум и официјално се потврдуваат воспоставените билатерални односи фокусирани на заедничка соработка во правец на зајакнување на постоечките капацитети. 

Понатамошната соработка меѓу двете организации ќе се развива врз основа на меѓусебно разбирање, доверба и координација на заеднички активности, за да се обезбеди што поквалитетна услуга на сите засегнати страни во областите што ги покриваат и двете организации. 

Во план е реализација на заеднички проекти од интерес на двете страни, размена на заемно корисни информации, знаења и искуства, како и организирање и заеднички настап на разни видови настани.