Fast Track - FP7 Проект

Fast Track - FP7 Проект

Од 15 ноември до 15 декември, 2012 година, Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, во партнерство со Гимназиите Орце Николов и Раде Јовчевски Корчагин, учествуваа во проектот  Fast Track - Training Requirements and Careers for Knowledge-based Food Science and Technology in Europe (www.trackfast.eu).

Станува збор за  FP7 Проект финансиран од Европската Комисија, во кој Република Македонија е вклучена на покана од партнерите од Холандија и Словенија. Проектот се спроведува во 16 земји членки или кандидати членки на Европската Унија.

Проектот има за цел да ги идентификува потребите за обука и кариера на идните научници и технолози од Европа во областа на храна, и имплементирање на Европската стратегија за регрутирање на идни генерации на лидери во областа на науките за храна и технологија.  Track Fast проектот тоа го реализира преку 4 пакети на активности:

1. Идентификување и дефинирање на лични вештини потребни на пазараот на труд од областа на храна

2. Развој на регулативи за професии  во Европа од областа на науки и технологии за храна

3. Воспоставување на рамка за постојано професионално усовршување и развој на кариера за овој вид на професионалци

4. Мотивирање на младите луѓе да влезат и да создаваат своја кариера во областа на науките и технологиите за храна во Европа. 

Македонскиот тим беше вклучен во четвртата компонента, во рамките на која е веќе изработена веб страна за зголемување на интересот на младите луѓе за овие професии, Food Galaxy (http://www.foodgalaxy.org/).

Учениците од двете гимназии го проучуваа и оценуваа изработениот портал и дадоа придонес во подобрување и негова доработка со цел да биде што е можно поедукативен и информативен за идните генерации и да ги заинтересира да бидат идните професионалци во областа на квалитет и безбедност на храна. 

Проектот беше одлично оценет од партенрите, и оваа соработката се очекува да продолжи и во иднина.

Голема благодарност до професорките од гимназијата Орце Николов, Сузана Стојчевска и Елизабета Поповска за несебичната ангажираност и менторството, како и на учениците:  Предраг Младеновски, Марин Маринов, Петар Стојановски и Сара Коцевска (од гим.Орце Николов) и Теодора Илиевска и Михаела Цацаноска (од гим. Р.Ј.Корчагин) за посветеноста во реализирање на овој проект.

Благодарност до целиот тим кој успешно ја претстави Република Македонија и даде огромен придонес да биде третирана како рамноправен партнер во развој на идни генерации професионалци, научници и технолози, во производтсвото и преработката на храна, како важна стопанска гранка во сите земји на Европската Унија.