USAID Конференција - Хотел Радика - Маврово - 21 ноември, 2012

USAID Конференција - Хотел Радика - Маврово - 21 ноември, 2012

На покана на Проектот за експанзија на мали бизниси, финансиран од УСАИД, на 21 ноември, 2012 година Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ се претстави пред 150 претставници на мали и средни претпријатија од Полошкиот регион. Настанот беше ко-организиран со Стопанската Комора на западна Македонија. Проф. Д-р Владимир Какуринов, одржа презентација на тема рамковни програми 7 и Еурека, европски фондови како начин за финансирање на истражувачки проекти за МСП. Штандот на Консалтинг и тренинг центар Клуч беше посетен од голем број присутни, а повеќе од 20 слушатели присуствуваа и на тркалезната маса. Соработката со заинтересираните компании се очекува да продолжи и во наредниот период.