Претприемничка академија за млади

Претприемничка академија за млади

Претприемничката академија веќе спроведе пилот програма со ученици од гимназијата Орце Николов и резултатите беа одлични.

Учениците покажаа огромен интерес за совладувањето на материјата и активно учествуваа во вежбите на часовите, како и реализирањето на проектните задачи.


Успешната соработка со гимназијата Орце Николов придонесе меѓусебната доверба да биде преточена во Меморандум за соработка за идни проекти од областа на унапредувањето на претприемничките вештини и знаења на средношколците, како и градење на капацитетите на наставниот кадат од оваа област.