Обука за HACCP во градинки - Општина Карпош

Обука за HACCP во градинки - Општина Карпош

Во рамките на програмата на Општина КАРПОШ за Унапредување на здравјето на населението и промовирање на здрави начини на живот, во месец јануари и февруари, 2013 година беше спроведена обуката за HACCP за персоналот во сите градинки на оваа територија.

Беа опфатени вкупно 18 лица, вработени во детските градинки: Распеана младост, Орце Николов, Мајски цвет и Пролет и едно лице од Општина Карпош.

Обуката беше спроведена во 2 групи, од 25-27 јануари и од 01-03 февруари, 2013 година, во просториите на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, од страна на проф.д-р Владимир Какуринов.Обукантите покажаа особен интерес и сите успешно го положија завршниот тест.

Обуките беа отворени од страна на г-ѓата Гордана С. Зафировска, раководителот на  Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, а постојано надгледувани од г-ѓата Ирена Милевска, советник за контрола на квалитетот и безбедноста на храна во установите за предшколска и школска возраст на територија на општината.

Свечентото доделување на сертификати се одржа на 16 мај, 2013 година во просториите на градинката ПРОЛЕТ. Дечињата од градинката подготвија пригодна приредба со што им посакаа добредојде на присутните гости.

Сертификатите на сите учесници им ги подели градоначалникот на Општина Карпош, г-динот Стевчо Јакимовски. Тој ја поздрави посветеноста на сите вработени во градинките и ги повика на почитување на стандардите за безбедна и здрава храна.

Со овој проект уште еднаш се потврдува посветеноста на Опшина Карпош за превземање на активности во правец на заштита на здравјето на најмладите и унапредување на установите кои се грижат за нив.