Journal of Hygienic Engineering and Design (JHED)

 

www.jhed.mk

 

JHED е ЕДИНСТВЕНО МЕЃУНАРОДНО ЕЛЕКТРОНСКО СПИСАНИЕ ВО СВЕТОТ што e посветено на: 

1. Хигиенски инженеринг и дизајн

2. Квалитет и безбедност на храна и

3. Производство и преработка на храна.

JHED се чита на сите континенти  и е редовен извор на информации за повеќе од 15.000 корисници од 700 компании ширум светот.

JHED е прифатен за индексирање во датабазите: CAB Abstracts, Global Health database, CABI's full text repository и SCOPUS, а во постапка за прием е во Thompson Reuters и EBSCO.

JHED е наменето на: производителите на храна, производителите на машини и опрема за прехранбена индустрија, производителите и дистрибутерите на средства за чистење и санитација, на научната и стручната заедница во овие области како и на сите потрошувачи.

JHED и ПРЕХРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈА

JHED е посветен на потребите на прехранбената индустрија, а особено производителите на прехранбени производи, производителите на машини и опрема за прехранбена индустрија, како и на производителите и дистрибутерите на средства за чистење и санитација. Во него читателите може да ги најдат сите нови случувања, технологии и иновации во прехранбената индустрија. JHED претставува одличен извор на информации и платформа за вмрежување на сите клучни играчи во компаниите од прехранбената индустрија ширум светот.

Исто така, JHED ги содржи сите најнови информации за случувањата и барањата во законските прописи, правилниците, стандардите, системите и кодовите за типови на состојки во храната, материјалите итн, кои се разгледуваат во Европа, САД, Канада и Азија. Ова е одличен начин секогаш да бидете информирани какви се барањата на сите регулаторни тела насекаде во светот, сега и во иднина.

Сите компании што се спонзори на JHED имаат право во секциите Product Showcase и Supplements да презентираат и рекламираат свои производи и услуги. Ова е од особена важност за маркетинг, промоција, видливост и вмрежување на компаниите, затоа што JHED се чита на сите континенти  и е редовен извор на информации за повеќе од 15.000 корисници од 700 компании ширум светот (на пр., Nestle, Tetrapak, Stork, Unilever, Kraft Foods, Alfa Laval, Lactalis, Coca Cola, Pepsi, H.J. Heinz, Danone, DuPont, Heineken, Heinkel, GEA, Krones, Purac, SKF, JBT, Van Meeuwen, BP Biofuels, Johnson Diversey Inc., Ecolab, Tensid Chemie, како и многу мали и средни претпријатија, здруженија и стопански комори ширум светот).

Во JHED се објавуваат интервјуа и мислења на истакнати претставници од прехранбената индустрија.

JHED има огромна читаност затоа што тој се обраќа и до потрошувачите кои можат да ги најдат сите информации за компаниите, нивните производи и квалитетот и безбедноста на храната на едно место.

JHED, СТРУКА И НАУКА

Стручната и научната јавност може да даде свој придонес со пишување на соодветни трудови на релевантни теми (http://www.jhed.mk/categories/view/408).

Првиот број на JHED беше издаден на првиот Светски конгрес во хигиенски инженеринг и дизајн, кој се одржа во периодот од 22-25 септември во 2011 година, во Охрид. Ова прво издание содржи 75 високо квалитетни, практични и научно базирани оригинални и стручни трудови од автори од 19 земји во светот: САД,  Велика Британија, Германија, Холандија, Франција, Данска, Финска, Белгија, Шпанија, Полска, Бугарија, Ирска, Шведска, Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Русија и Ерменија.

Овие трудови, кои беа оценувани од Научен одбор составен од 32 меѓународни експерти, ги опфаќаат сите три главни области во прехранбената индустрија:

1. Хигиенски инженеринг и дизајн

2. Квалитет и безбедност на храна и

3. Производство и преработка на храна.

Објавените трудови се веќе достапни на web страната на JHED (www.jhed.mk) и секој корисник може да ги чита и симнува (download-ира) бесплатно. При тоа, ако се користат податоци од трудовите, мора да се цитираат авторот/авторите и изворот. Со тоа се зголемува видливоста и цитираноста на авторите што објавуваат во JHED.

Ви посакувам успешна работа и соработка во напорите да се прошири гласот на македонската науката.

За повеќе детали околу правилата за пишување на трудови, дознајте повеќе на web страната на JHED (www.jhed.mk).