КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА 2013 - МАКЕДОНИЈА

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА 2013 - МАКЕДОНИЈА

Од 19 до 20 септември 2013 година, во хотел Континентал, во Скопје, Република Македонија се одржа Конференција за квалитет и безбедност на храна и хигиенско инженерство и дизајн 2013 - Maкедонија, во организација на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ.

На Конференцијата присуствувуваа повеќе од 150 луѓе од целиот свет. Конференцијата имаше за цел да ги поврзе на едно место експертите и компаниите и да создаде единствена можност за соработка и размена на идеи меѓу истражувачи, извршни директори, носители на одлуки и експерти од претпријатија кои произведуваат храна и опрема за храна, професионалци од компании кои даваат инженерски услуги и менаџери за квалитет одговорни за контрола на квалитет и безбедност на храната.

Учество земаа претставници од домашни и меѓународно познати компании што се занимаваат со производство на храна и опрема за прехранбена индустрија, владини институции поврзани со храната (Агенции, Директорати, Инспекторати), академски и истражувачки организации,  како и Меѓународни Асоцијации: European Hygienic Engineering and Design Group - EHEDG, Global Harmonization Initiative - GHI итн.

Во две паралелни сесии, на 19 и 20 септември 2013 година, беа презентирани 42 научни и практично ориентирани трудови, од претставници на видни високообразовни и истражувачки институции и експерти од компании од целиот свет во следниве области: 1. Квалитет и безбедност на храна; 2. Хигиенско инженерство и дизајн и 3. Прехранбена технологија. Овие трудови  беа одобрени од 21 член меѓународен научен комитет, кои се веќе објавени во светски препознатливиот електронски журнал - Journal of Hygienic Engineering and Design - JHED (www.jhed.mk).

Во рамките на конференцијата се одржа Пленарна сесија посветена на последните инциденти со безбедноста на храната (афлатоксин во млеко, месо и сточна храна, декларации и рок на траење на производи итн) во регионот. На сесијата покрај претставници на производителите на храна од целиот регион, беа присутни и преставници на Државниот инспекторат за земјоделство, Фитосанитарната управа, Хрватската Агенција за храна, истражувачки институции од Србија.

На Пленарната сесија на  Global Harmonization Initiative (GHI) беше преставена работата на оваа меѓународната асоцијација на полето на хармонизација на законската регулатива и легислатива за безбедност на храна во целиот свет.

На Конференцијата имаше изложбен простор на кој спонзорите имаа можност да ги претстават своите производи и услуги, а на 20.09.2013 година сите одржаа комерцијални презентации.

Организатор на овој меѓународен настан беше Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, седиште на Македонската регионална секција на EHEDG, а претседавач на Конференцвијата беше Проф. д-р Владимир Какуринов