Пленарна сендница на Претседателите на регионалните секции на EHEDG

Годишна средба на EHEDG во Прага

Од 09 до 11 октомври, 2013 година во Прага се одржа Пленарната седница на Претседателите на регионалните секции на EHEDG. На овој настан се презентираа активностите на секоја регионалната секција во изминатата година и се разговараше за идните планови за 2014 година.

Исто така, претседателите на регионалните секции имаа состанок со членовите на Извршниот одбор на EHEDG, на кој се дискутираше за новата организациска поставеност и структура на EHEDG International.

Последниот ден се одржа работилница на која беа дискутирани најновите трендови во хигиенското инженерство и дизајн, како и вклучувањето на хигиенскиот дизајн во формалното образование, на глобално ниво.

Проф.д-р Владимир Какуринов, претседател на Македонската регионална секција на EHEDG, ги запозна сите присутни со подготвителните активности околу престојниот  CEFood Конгрес, кој ќе се одржи од 21 до 24 мај, 2014 во Охрид.

Конгресот се одржува под покровителство на:

  • Европската федерација за храна, наука и технологија (EFFoST), како и на
  • Светската организација за храна, наука и технологија (IUFOST).

Како  ко-организатори се јавуваат и ќе бидат присутни претседателите и членовите на следниве организации:

  • Глобална иницијатива за хармонизација (GHI),
  • Маѓународниот институт за разладување (IIR), 
  • Европската асоцијација за хемиски и молекуларни науки (EuCheMS)
  • Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн (EHEDG).
Беше најавено учество на повеќе од 500 учесници од целиот свет. Овој Конгрес има за цел да ги промовира најновите достигнувања во областа на храната, како и да овозможи вмрежување и создавање на конзорциуми за аплицирање на идни проекти во програмите на HORIZON 2020, FP7 и други европски проекти.