7- ми Централно Европски Конгрес за храна - CEFood 2014

ИНТЕГРАЦИЈА НА СИНЏИРОТ ЗА ХРАНА

21 до 24 мај 2014 година, во Охрид, Македонија се одржа 7- миот Централно Европски Конгрес за храна - CEFood (http://www.keyevent.org/), под наслов ИНТЕГРАЦИЈА НА СИНЏИРОТ ЗА ХРАНА.

Овој Конгрес се одржа под покровителство на Европската Федерација за Науки и Технологии во храната (EFFoST) и Меѓународната Унија за Науки и Технологии во храната (IUFoST), а во соработка со: Eвропската групација за хигиенско инженерство и дизајн (EHEDG), Иницијативата за глобална хармонизација (GHI), Меѓународниот институт за разладување (IIR) и Eвропската асоцијација за хемиски и молекуларни науки (EuCheMS).

На овој Конгрес присуствуваа повеќе од 300 учесници од 38 земји од Европа, Азија и Африка, научници, истражувачи, професионалци, компании, владини и невладини организации, консултанти и индивидуалци кои работат во областите на: производство и преработка на храна,  квалитет и безбедност на храна, исхрана, хигиенско инженерство и дизајн, иновативни технологии, нови трендови во прехранбената индустрија, од Европа и од целиот свет.

АПСТРАКТИ

Учесниците на CEFood Конгресот можеа да учествуваат со:

1. Апстракти (објавени во Book of Abstracts и CAB Abstracts database)

2. Постери (прикажани на Конгресот и објавени во Book of Abstracts во форма на апстракти)

3. Цели трудови (објавени во Journal of Hygienic Engineering and Design - JHED, Food Packaging and Shelf Life - Elesevier Journal, Chemical and Biological Technologies in Agriculture (CBTA) - Springer Journal, CABI Full text repository database, Food Science and Technology database, International Institute of Refrigeration Fridoc database и Global Health database).

На конгресот имаше 86 презентери и 160 изложени постери

НАГРАДИ

1. CEFood награди

- Најдобрите 3 постери беа наградени со платена котизација за следниот CEFood Конгрес (кој ќе се одржи во  2016 година во Киев, Украина).

2. KEY награди

- Бесплатно објавен цел труд во следниот број на JHED

- Платена котизација за еден ден на Конференцијата за Производство и Преработка на храна и Нутриционизам

- Една влезница за еден настан од забавната програма на CEFood (Social event)

3. Специјални изданија и награди

- Најдобрите 20 апстракти/постери/цели трудови (поврзани со темите за пакување на храна, складирање, ладење и рок на траење на производи) ќе бидат објавени во специјално издание на Elsevier списанието - Food Packaging and Shelf Life - спонзорирано од Elsevier

- 4 постери беа наградени со: 2 втори награди со 300 евра и 2 четврти награди со 200 евра - спонзорирано од Elsevier.

- 3 постери беа наградени со ваучери од 200, 150 и 100 евра за изданија од реномираната издавачка куќа Springer , а избрани апстракти/постери/цели трудови ќе бидат објавени во специјално издание на Springer  списанието - Chemical and Biological Technologies in Agriculture (CBTA) - спонзорирано од Springer.

ИЗЛОЖБА

На Конгресот беше поставена Изложбена зона во која спонзорите: ACO Technologies,Armaturenwerk Hötensleben GmbH, VIKAN и SKOVIN имаа можност да ги изложат своите производи.

БРОКЕРСКИ НАСТАНИ

Две сесии на Конгресот беа посветени на Брокерски настани (тете-а-тете) состаноци помеѓу научни организации/истражувачки институции/компании/индивидуалци, а со цел да се воспостави бизнис соработка, да се создадат нови конзорциуми и партнерства за аплицирање на HORIZON 2020, Leonardo da Vinci и други ЕУ финансирани програми, како и за вмрежување.

СОЦИЈАЛЕН ПРОГРАМ

Беа одржани 3 социјални настани (за дружење и забава) на кои беше презентирано македонското гостопримство, национални убавини, традиција и култура:

Гала вечера & Забава - 21.05.2014

Прошетка низ Охрид & Национална вечера - 22.05.2014

Крстарење по Охридското езеро & Ручек на острово - 23.05.2014