EHEDG СВЕТСКИ КОНГРЕС 2014 - ПАРМА, ИТАЛИЈА

EHEDG Конгрес - Парма, Италија - 29 - 31 октомври, 2014

Овогодинешниот EHEDG Конгрес се одржа во Парма, Италија од 29 - 31 октомври, 2014.

Конгресот беше организиран во рамките на меѓународно познатиот, 50-ти по ред Саем за производители на храна и пакување на храна, Cibus Tec - Food Pack 2014. 

На саемот се претставија над 1000 изложувачи од 30 земји во светот пред 30.000 посетители.

На 29-ти  октомври, 2014 година се одржа Пленарната седница на сите претседатели на регионалните секции на EHEDG. Македонската регионална секција на EHEDG беше претставена со присуство на два члена: Проф.д-р Владимир Какуринов, во својство на претседател и М-р Снежана Какуринова, член. Со цел да се информира за сите активности на македонската регионална секција во 2014 година, беше изработен и презентиран  постер.

Последните 2 дена, 30 и 31 октомври, 2014 беа посветени на презентации од страна на делегатите на EHEDG Конгресот во областа на хигиенското инженерство и дизајн.

Овие 3 дена беа уште една можност претставниците на регионалните секции на EHEDG да разменат искуства за  преземените активности околу популаризација на хигиенското инженерство и дизајн како и планирање на идните активности и заеднички соработки на овој план.

Настанот беше одлично организиран од страна на Универзитетот во Парма, кој е седиште на EHEDG регионалната секција на Италија.

Следната можност за присуство на ваков вид настан од високо ниво  ќе биде EHEDG Светскиот конгрес за хигиенско инженерство и дизајн, во 2016 година, но останува дополнително да се утврди местото на одржување.