NUTRICON 2014

NUTRICON 2014 - Конференција за Квалитет и безбедност на храна, здравје и исхрана

Oд 27 до 28 ноември во Скопје, Република Македонија се одржa NUTRICON 2014, Конференција за Квалитет и безбедност на храна, здравје и исхрана, организирана од страна на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ.

NUTRICON 2014 Конференцијата беше реализирана во соработка со: Eвропската групација за хигиенско инженерство и дизајн (EHEDG), Иницијативата за глобална хармонизација (GHI), и Eвропската асоцијација за хемиски и молекуларни науки (EuCheMS).

Овој настан беше акредитиран од Лекарската Комора на Македонија.

Конференцијата имаше за цел да ги поврзе на едно место експертите кои работат во областа на производство и преработка на храна,  квалитет и безбедност на храна, исхрана, здравјето, нутриционизмот, хигиенско инженерство и дизајн, иновативни технологии, нови трендови во прехранбената индустрија, од Европа и од целиот свет. 

Учесниците на NUTRICON 2014 имаа можност да пишуваат:

1. Апстракти (кои беа објавени во Book of Abstracts и CAB Abstracts database)

2. Постери (кои беа изложени на Конференцијата и објавени во Book of Abstracts во форма на апстракти)

3. Цели трудови (кои ќе бидат објавени во Journal of Hygienic Engineering and Design - JHED, CABI Full text repository database, Food Science and Technology database и Global Health database).

Со свои презентации се претставија 18 говорници, а 31 постер беа изработени и изложени, обработувајќи некоја од темите на конференцијата:

1. Состојки и додатоци во храната, Структура на храна, Адитиви, Витамини, Фортикација на храна.

2. Производство и Преработка на храна, Прехранбено инженерство и Одржливост.

3. Анализи на храна, Микробиологија, Хемија и Биохемија на храна и Сензорни својства на храна.

4. Квалитет и Безбедност на храна.

5. Микробиолошки, Хемиски, Физички опасности.

6. Анализа на ризик (проценка, карактеризација, менаџмент, комуникација);

7. Прехранбена биотехнологија, Нови биопроизводи, Функционална храна.

8. Потрошувачи (однесување, избор на храна, итн).

9. Хигиенско инженерство и дизајн.

10. Нутритивна биохемија (јаглехидрати, масти, протеини и аминокиселини, витамини, минерали, и др).

11. Нутритивна физиологија (енергетски метаболизам, функционирање на имунолошкиот систем, когнитивност и исхрана, исхрана и стареење, нутригеномика, итн).

12. Клиничко здравје и исхрана (Непреносливи болести/Хронични заболувања, Дебелината и Одржување телесна тежина, Дијабетес, Кардиоваскуларни болести, Канцер, Орални болести, Протеинско-енергетска неисхранетост, Неисхранетост, итн).

13. Јавно здравје и Нутритивна епидемиологија (Исхрана /Проценка на исхранетост, Орално   здравје, Неисхранетост, Исхрана на мајки и деца, Непреносливи болести и исхрана, Исхрана и стареење, Исхрана и начин на живот, итн).

14. Јавно здравје и исхрана (Здравје и политики на исхрана, Право и пристап до храна, Обезбеденост со храна, Разлики во исхрана и здравје, Непогоди и исхрана, итн).

15. Јавно здравје, Исхрана, Хронични заболувања (Исхраната кај: Канцерогени, Кардиоваскуларни, Невролошко-дегенеративни, Орални болести итн, Превенција и Постклинички третман).

16. Управување со синџир за храна.

17. Меѓународни програми и проекти и

18. Образование, Иновации и Трансфер на знаење.

На Конференцијата имаше изложбен простор на кој спонзорите Т-Mobile, Сковин и Swisslion имаа можност да ги претстават своите производи.

Претседавач на Конференцијата беше Проф. д-р Владимир Какуринов, Македонскиот амбасадор во Европската федерација за храна и Претседател на Македонската регионална секција на EHEDG. 

Конференцијата NUTRICON ги исполни очекувањата на организаторите, врз основа на што е донесена одлука да се одржува секоја година, во месец ноември, во Скопје.