Фестивал за хигиенско инженерство и храна 2015

 

Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, седиште на Mакедонската регионална секција на Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн (EHEDG) од 27 до 29 мај, 2015 година, на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид го организираше Фестивалот за хигиенски дизајн и храна (www.keyevent.org).  

Поздравни говори одржаа:

  • Г-н Лудвиг Јозефсберг – Претседател на Европската групација и Директор на ТЕТРАПАК од Шведска,
  • Г-н Војислав Димитровски – Претставник за безбедност на храна од инспекцискиот совет на РМ,
  • Г-н Абдулезел Догани – Заменик директор на Агенцијата за храна и ветеринарство,
  • Проф.д-р Ангела  Василевска – Професор на факултетот за туризам и угостителство,
  • Проф.д-р Владимир Какуринов – Извршен директор на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ.

Овој настан беше организиран во соработка со: Eвропската групација за хигиенско инженерство и дизајн (EHEDG), Иницијативата за глобална хармонизација (GHI), Агенција за храна и ветеринарство и Агенција за поддршка на претприемништвото во РМ.

На настанот присуствуваа научници, истражувачи, професионалци, компании, владини и невладини организации, консултанти и индивидуалци кои работат во областите на: производство и преработка на храна, квалитет и безбедност на храна, исхрана, хигиенско инженерство и дизајн, иновативни технологии, нови трендови во прехранбената индустрија, во светот.

Компаниите од прехранбената индустрија и производителите на опрема за прехранбена индустрија МАКПРОГРЕС, ЛЕОВ КОМПАНИ, CLEANING SYSTEMS и Агенцијата за храна и ветеринарство имаа можност да ги претстават своите производи и услуги во изложбениот простор.

Исто така учесниците имаа можност да учествуваат на Брокерскиот настани, (тете-а-тете) состаноци помеѓу научни организации/истражувачки институции/компании/индивидуалци, а со цел да се воспостави бизнис соработка, да се создадат нови конзорциуми и партнерства за аплицирање на европски проекти.

Темите кои беа опфатени на настанот се од областите на хигиенско инженерство и дизајн и квалитет и безбедност на храна. Беа одржани 21 презентација  и изложени 21 постер презентација.

Апстрактите беа објавени во Книга на апстракти, а научните и стручните трудови на учесниците ќе бидат објавени во Journal of Hygienic Engineering and Design – JHED (www.jhed.mk).

Во рамките на настанот беше организиран гастрономски настан на кој странските гости со помош на домашни професионални готвачи успеаа да подготват македонски специјалитети кои беа сервирани за време на ручекот. 

Учесниците на Фестивалот омаа можност да се дружат на гала вечерата во ресторанот Денариус, како и на крстарењето со бродот Галеб, што беше одлична можност да се запознаат со убавините на Охридското езеро, изворите на Дрим и манастирот Св.Наум и да уживаат во македонскуте специјалитети во ресторанот Острово.