EHEDG

Европска групација за хигиенско инженерство и дизајн (EHEDG)

 

EHEDG претставува највлијателната европска мрежа од областа на безбедност на храна. Оваа организација обезбедува практично управување со хигиенското инженерство од аспект на производство на безбедна и квалитетна храна (http://www.ehedg.org ).

Основано во 1989 година, претставува конзорциум на производители на опрема, производители на прехранбени производи, истражувачи и едукативни институции, како и авторитети од јавното здравство, чија цел е да се промовира хигиената на храната во текот на производството и пакувањето. 

 

EHEDG активно ја поддржува европската легислатива која бара ракувањето, подготвувањето, преработката и пакувањето на храна да се врши хигиенски, со употреба на хигиенска машинерија и хигиенски простории.

Производителите и корисниците на опрема во прехранбената индустрија се одговорни да ги имплементираат овие барања.  EHEDG им помага во тоа преку давање упатства за основните стандарди за хигиенски дизајн во согласност со националната и меѓународната легислатива. 

Но, безбедноста на храната не застанува на границите на Европа. EHEDG промовира глобална хармонизација на упатства и стандарди. Организациите од САД (NSF и 3-A) се согласија да соработуваат при развој на EHEDG упатствата, а за возврат, EHEDG учествува во развој на нивните 3-А и NSF стандарди.

 

Останати содржини: